Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди рано утринава северна Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Не е издадено предупредување за цунами и нема извештаи за штета.
Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри западно од градот Сарабецу, на островот Хокаидо, на длабочина од 81 километар, соопшти Американскиот геолошки институт.

