„Карамел“ – Зиро, Аиман и ТЗ со нов музички проект (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младите артисти Зиро и Аиман од Куманово, заедно со ТЗ, деновиве ја промовираа својата нова музичка нумера со наслов „Карамел“, со која носат модерен звук и урбана енергија на музичката сцена.

Станува збор за заеднички проект на тројцата изведувачи, кои преку песната претставуваат современ музички стил и препознатлив авторски израз.

Инструменталот за песната го изработил Мортал – Боко Србиноски, додека за видео продукцијата и монтажата биле задолжени FM17 – Филип Мандевски и TZ – Томи Нацоски.

Со „Карамел“, артистите продолжуваат активно да создаваат нова музика и да привлекуваат внимание кај љубителите на урбаниот звук.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов музички проект на Лука Чомбе и Инсерта – „Топурија“ (ВИДЕО)

Песната веќе е објавена на музичките платформи и социјалните мрежи, а може да ја слушнете во продолжение.