Нов музички проект на Лука Чомбе и Инсерта – „Топурија“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Новиот музички проект „Топурија“ на Лука Чомбе и Инсерта деновиве беше објавен на музичките платформи и социјалните мрежи, носејќи енергичен звук и модерна продукција.

Музиката и текстот за песната се дело на Лука Чомбе и Инсерта, додека продукцијата ја потпишува Иван Јованов – Ивајо.

За микс и мастерингот се задолжени Иван Јованов – Ивајо и Давид Ивановски, а во песната се појавува и женскиот вокал Драгана Јовановска.

Со „Топурија“, артистите продолжуваат активно да работат на нови музички проекти и да ја збогатуваат домашната музичка сцена со современ стил и препознатлив звук.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Карамел“ – Зиро, Аиман и ТЗ со нов музички проект (ВИДЕО)