Земјотрес од 4,8 степени во Грција

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето на Арголскиот залив во Грција.

Loading...

Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот на земјотресот што се случил во 07:21 часот по локално време бил на 16 километри северозападно од Леонидио на Пелопонез, на длабочина од 14,5 километри, пренесува „Катимерини“.