Земјотрес ноќва ја стресе Македонија

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 2 часот и 20 минути регистрирше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 140km југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје.

Loading...

Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, Рихтерова магнитуда на земјотресот изнесува 3.8, а бил најсилно почувствуван во југозападниот дел од Републиката, и тоа најсилно од населението во Охрид и Струга со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Во Ресен со интензитет од IV-V степени, во Битола, Кичево, Крушево и Дебар со IV степени, во Прилеп со интензитет од III-IV а во Скопје, Гостивар и Тетово со интензитет од III степени според истата скала.

Leave a Reply