Земјите од ЕУ ќе обучуваат 15.000 украински војници

Сподели со своите пријатели

Европската унија во понеделник треба да ја засили воената поддршка за Украина со започнување на обука на 15.000 украински војници и обезбедување дополнителни 500 милиони евра за оружје.

Loading...

Се очекува министрите за надворешни работи на 27-те земји-членки на блокот да ја донесат таа одлука на состанокот во Луксембург.

Дипломатите тврдат дека мисијата треба да профункционира следниот месец.

„Тоа е прва голема мисија од ваков вид за ЕУ. Никогаш не сме спроведувале обука од таков обем“, рече еден европски дипломат.

По речиси осум месеци војна, украинските сили напредуваат на бојното поле, а западните сојузници на Киев се желни да обезбедат дека украинската војска има капацитет да продолжи да се бори.

Неколку членки на ЕУ – вклучително и Германија и Франција – веќе ги обучуваат Украинците да ги користат современите артилериски системи, ракетни фрлачи и противвоздушна одбрана што тие ги добавуваат на Киев.

Украинскиот сосед Полска треба да служи како главен центар за обука, пренесува АФП.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...