Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Попладне, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна ќе достигне 25 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 11 до максимални 25 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 25 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме повторно облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 19 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Облачно со врнежи од дожд ќе биде и во петок, кога ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне 17 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме променливо облачно време со услоби за слабо сонце и за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 20 степени целзиусови.

Недела носи променливо облачно време со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од минимални 9 до максимални 22 степени целзиусови.

 

 

Претежно суво, но со слични температури, ќе биде времето и следната недела.

Loading...

Никола Ивановски