Зеленски забрани увоз на книги од Русија и Белорусија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го ратификуваше Законот за забрана на увоз и дистрибуција на книги од Русија и Белорусија, јавува Анадолија.

Loading...

Зеленски на Телеграм напиша дека верува дека законот, кој исто така забранува комерцијален увоз на книги печатени на украинска територија под руска контрола, е оправдан.

Тој додаде дека текстот на тој акт е испратен до институциите на Европската унија (ЕУ) за дополнителна проценка дали со одредени одредби од законот се повредени малцинските и јазичните права.

Законот беше усвоен од украинскиот парламент пред една година.

Министерот за култура Олександар Ткаченко напиша на Твитер дека усвојувањето на овој закон „ќе го заштити украинскиот културен простор од рускиот свет“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.