Зеленски: Спасете не од дивјаците од Москва и пратете ни ги „Патриотите“

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, испрати порака до Русите по нивните жестоки напади врз таа земја.

Loading...

Тој во објава на социјалната мрежа Икс го пофали американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ поставен за заштита на Киев, кој вчера беше бомбардиран од руски ракети.

„Руските терористи немаат ракети кои можат да го заобиколат „Патриот“ и другите водечки светски системи“, напиша Зеленски.

 

 

Потоа, во друг пост, тој повика на испорака на нов систем за заштита на целата земја, наведувајќи дека руските беспилотни летала и ракети немаат „задоцнување“, мислејќи на доцнењето и одложувањето на помошта на САД и ЕУ за Украина.

„Нашите партнери точно знаат што ни треба. Тие дефинитивно можат да не поддржат. Ова се неопходни одлуки… Животот мора да се заштити од овие дивјаци од Москва“, стои на крајот од неговата објава каде што сподели и видео од најновите напади на Русија врз цивилни објекти.

Loading...