Зеленски: Ситуацијата околу Бахмут станува се потешка, Русите уништуваат се

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека воената ситуација околу градот Бахмут станува се потешка.

Loading...

Во ноќното видео обраќање Зеленски истакна дека ситуацијата околу Бахмут постојано се влошува и дека руските сили постојано уништуваат се што може да се искористи за зајакнување и одбрана на украинските сили.

„Нашите војници кои ја бранат областа околу Бахмут се вистински херои“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Бахмут, град во Донбас во источна Украина, со месеци е жариште на борби.

Од околу 70.000 жители кои живееле во Бахмут пред почетокот на војната, само околу 10.000 луѓе останале во градот, објави претходно Радио Слободна Европа (РСЕ).

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.