Зеленски: Сите ПВО системи „Патриот“ се на бојното поле и соборуваат руски ракети

Сподели со своите пријатели

Сите системи за противвоздушна одбрана од типот „Патриот“, кои САД ѝ ги дадоа на Украина во април, работат, иако Русија го тврди спротивното, изјави во вечерашниот говор украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Тие сѐ уште се на бојното поле, оперативни се и соборуваат руски ракети, што е можно поефикасно. Ниту еден систем за воздушна одбрана „Патриот“ не е уништен“, изјави Зеленски, пренесува лондонски Гардијан.

Се чини дека коментарите на украинскиот претседател се одговор на тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург минатата недела, во кои тој сугерираше дека Москва уништила пет системи Патриот во близина на Киев.

Зеленски им се заблагодари на „бранителите на украинското небо“, вклучително и украинските пилоти, велејќи дека во текот на изминатата недела извршиле повеќе од 100 координирани напади со батерии врз непријателските позиции и задниот дел и уништиле речиси триесет проектили и педесет беспилотни летала.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.