Зеленски повика да се реши проблемот со депортациите во Русија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика високиот функционер на Обединетите нации (ОН) да помогне да се најде начин да се реши, како што велат украинските власти, сериозна последица од 11-месечната војна – депортацијата на илјадници возрасни и деца во Русија.

Loading...

Украина со месеци ги осудува извештаите за масовни депортации во Русија, често во региони на илјадници километри од Украина.

Русија негира какви било сугестии за вознемирување или криминални намери, опишувајќи ги масовните движења како евакуација.

„Потребен е механизам за заштита и враќање на луѓето“

„Дискусијата пред сè се фокусираше на нашите луѓе кои беа депортирани во Русија од окупаторите“, рече Зеленски во видео-обраќањето преку ноќ, мислејќи на разговорите со високиот комесар на ОН за бегалци Филип Гранди претходно во средата.

„Потребен е механизам за да се заштитат и да се вратат луѓето и да се изведат пред лицето на правдата сите оние кои се виновни за депортации. Сигурен сум дека институциите на ОН можат да покажат лидерство во решавањето на овој проблем“, додаде тој.

Зеленски ја опиша руската политика на затворање и принудување бегалци да земат руско државјанство како геноцид.

Украинскиот министер за надворешни работи го осуди „државно организираното киднапирање деца“.

„На многу места бев сведок на војна“

Гранди, кој ја заврши турнејата во шест градови низ Украина, рече дека е особено трогнат од последиците од ракетниот напад во кој загинаа 46 луѓе во централниот град Днипро минатата недела.

Loading...

„Сум бил сведок на војна на многу места“, рече тој во видеото објавено на Твитер профилот на УНХЦР.

„Но, кога ќе ги видам тие станови кои се поделени на два дела… Кога ќе дознаам дека во еден удар загинале луѓе, меѓу кои и шест деца под урнатините, имам малку што да кажам.

Зеленски ги критикуваше како неефикасни напорите на другите меѓународни организации за решавање на проблемот со депортациите, вклучително и Меѓународниот комитет на Црвениот крст и 57-члената Организација за безбедност и соработка во Европа.

Официјалниот украински портал Children of War наведува 459 убиени деца и 916 ранети во конфликтот од 26 јануари досега.

Веб-страницата вели дека 14.711 деца биле депортирани, а 126 биле вратени.

Украинските застапници за човекови права зборуваат за можна депортација на стотици илјади граѓани.

Стејт департментот на САД ги објави бројките меѓу 900.000 и 1,6 милиони депортирани Украинци, вклучувајќи 260.000 деца.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...