Зеленски неочекувано се појави на важен европски самит

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски се појави денеска на самитот на Европската политичка заедница, што се одржува во замокот Мими, во градот Булбоаки во источна Молдавија.

Loading...

Половина час пред пристигнувањето на гостите, Зеленски неочекувано се појави, бидејќи го немаше на списокот на пристигнувани лидери.

Тој беше пречекан од претседателката на Молдавија, Маја Санду, која е и домаќин на самитот.

Зеленски не даде никакви изјави за медиумите, а потоа Санду и Зеленски отидоа на средба.

Замокот Мими, каде што се одржува самитот, се наоѓа во источна Молдавија, на 20 километри од украинската граница и осум километри од Придњестровје, кое се отцепи од Молдавија и е лојално на Русија.

Отворањето на самитот е планирано напладне по локално време, односно во 11 часот по средноевропско време.

Во источна Молдавија ќе пристигнат околу 50 лидери и високи функционери, а ќе бидат заштитени со привремена противвоздушна одбрана за која ќе се грижат британски, француски и романски војници.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...