Европа во страв: Последиците од војната со Иран можат да траат со години

Сподели со своите пријатели

Европската унија предупреди дека континентот може да ги чувствува последиците од американско-израелската војна во Иран со години, што укажува дека скокот на цените на енергијата нема брзо да се намали.

– Постои и сурова реалност со која сите мора да се соочиме: последиците од овој конфликт можат да одекнуваат со месеци или дури со години – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, обраќајќи се пред Европскиот парламент во Стразбур во среда.

Пораката доаѓа во време кога Европа трпи притисок врз енергијата и снабдувањето поради војната, што доведе до блокада на Ормутскиот теснец – клучен пат за глобалниот поморски транспорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената на нафтата во Европа се зголеми за 53 проценти, храната покспа за 6 отсто

Континентот сега се соочува со високи цени на нафтата и гасот, како и со страв од недостиг на важни производи како што се гориво за авиони и ѓубрива.

Фон дер Лајен изјави дека од почетокот на војната на крајот на февруари, ЕУ потрошила дополнителни 27 милијарди евра за увоз на фосилни горива.

Истражувачкиот центар „Бругел“ проценува дека земјите-членки на ЕУ веќе издвоиле повеќе од 10 милијарди евра за заштита на потрошувачите и економијата од зголемувањето на цените на енергијата.

Минатата недела, Европската комисија го предложи првиот пакет мерки за ублажување на претстојната енергетска криза, но лидерите на ЕУ на самитот побараа порешителни и посеопфатни потези.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп објави бизарна фотографија. Држи пушка во раце, а во позадина експлозии: „Подобро да се вразумат!“

Сепак, постојат разлики во пристапот меѓу членките на ЕУ – некои се залагаат за постепени мерки, додека други сакаат посилен пакет поддршка веднаш, според извори запознаени со ситуацијата.