Педесет и седумгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди при работа во каменолом.
– На 28.04.2026 во 13:34 часот во СВР Куманово било пријавено дека во каменолом на ул.„Народна револуција“ со тешки теленси повреди се здобил В.П.(57) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во каменоломот, констатирани во болницата во Куманово.
– Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на полицијата.
Никола Ивановски

