Зеленски: Мислам дека Путин не блефира

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека не мисли оти рускиот претседател Владимир Путин блефира кога вели дека Москва би била подготвена да употреби нуклеарно оружје за да ја одбрани Русија.

Loading...

Путин минатата недела рече дека Москва ќе ги искористи „сите расположливи средства“ за да ги заштити Русија и нејзиниот народ доколку биде загрозен територијалниот интегритет на земјата.

„Видете, можеби вчера беше блеф. Сега тоа може да биде реалност. Мислам дека тој не блефира“, рече Зеленски, кој претходно изјави за CBS News дека таквите закани се само „нуклеарна уцена“.

Зеленски коментира дека наводните руски напади врз две украински нуклеарни централи или нивната близина може да се сметаат за „модерна употреба на нуклеарно оружје или нуклеарна уцена“.

Киев ја обвинува Москва за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руската армија, а неодамна слични обвинувања беа упатени и во врска со Пивденукраинската нуклеарна централа, потсетува Ројтерс.

Москва ги отфрла обвинувањата поврзани со нуклеарната централа Запорожје и бара одговорност од Киев.

Русија не ги коментираше наводите во врска со втората нуклеарна бомба.

 

Loading...