Здравствени придобивки од краставицата: 14 причини зошто да ја јадете што повеќе

Сподели со своите пријатели

Сезоната на краставици е во полн ек и ви пренесуваме доволно добри причини да ги конзумираме што е можно повеќе.

Loading...

Овој зеленчук е богат со витамин Ц, а покрај тоа што ја прави кожата блескава, краставицата содржи и над 90 проценти вода, а е идеална храна за хидратација на организмот, обезбедувајќи ви енергија и елиминирање на токсините. Покрај тоа, оваа храна е богат извор на влакна, па затоа е одличен избор за секоја летна диета.

Повеќето луѓе лупат краставица пред да ја јадат, но кората на само една краставица содржи околу 12 проценти од препорачаната количина на витамин Ц. Затоа, обидете се да не ја лупите или само делумно излупете ја пред јадење.

Здравствени придобивки од краставиците

 

 

  1. Ја крева енергијата

Доколку ви недостасува енергија и се чувствувате исцрпено и уморно, наместо енергетските пијалаци кои се многу нездрави, треба да посегнете по краставиците. Поради Б витамините и јаглехидратите со кои е богата, краставицата ќе ви обезбеди дополнителна енергија која ќе ве „разбуди“.

Loading...
  1. Го хидрира телото и ги елиминира токсините

Поради високата содржина на вода, краставицата му помага на телото да се ослободи од непотребните токсини и нечистотии. На овој начин, овие зеленчуци го чуваат и здравјето на бубрезите, бидејќи го намалуваат нивото на урична киселина во телото и на тој начин ги одржуваат овие органи во добра форма.

  1. Го намалува ризикот од рак

Благодарение на состојките пинорезинол, секоизоларицирезинол и ларицирезинол, краставицата го намалува ризикот од неколку видови на рак, вклучувајќи рак на дојка, простата, јајници и матка.

  1. Го намалува холестеролот и го одржува здравјето на срцето

Краставицата исто така го намалува холестеролот и го контролира крвниот притисок и им помага на дијабетичарите. Калиумот, кој го содржи краставицата, помага во регулирањето на крвниот притисок и се препорачува на лицата со висок крвен притисок да го вклучат во секојдневната исхрана.

  1. Го регулира шеќерот

Овој зеленчук особено им се препорачува на дијабетичарите, бидејќи содржи хормон кој на клетките на панкреасот им е потребен за производство на инсулин.

 

 

  1. Ја ублажува болката во коските

Силициумот кој го содржи и оваа намирница ги ублажува болките во коските и болките предизвикани од артритис. Овој минерал помага во зајакнување на сврзното ткиво, а ако го помешате со сок од морков, ќе ја ублажите костоболката со намалување на нивото на урична киселина.

Loading...
  1. Го подобрува варењето и помага при слабеење

Поради големото количество влакна во него, оваа намирница е добра за варење и ја регулира нејзината работа, а водата што ја содржи, но и малиот број калории ја прави оваа храна идеална за сите кои сакаат да ослабат и да ја одржат посакуваната тежина.

Користете го што е можно повеќе во текот на сезоната, а нека ви биде задолжителна состојка во салати, сендвичи и супи. Можете да го исечете и на стапчиња и да го јадете како ужина или да го додадете во вкусни шејкови, но и витаминска вода која ќе ве освежи и ќе поттикне побрзо согорување на ситните наслаги.

  1. Го неутрализира лошиот здив и ги лекува непцата

Ако имате проблеми со лошиот здив, краставицата може да ви помогне. Држете парче краставица во уста 30 секунди и на овој начин уништете ги бактериите во устата кои предизвикуваат лош здив.

Доколку имате често крвавење на непцата, внесувањето на овој зеленчук во вашата секојдневна исхрана може да ви помогне да го решите и овој проблем.

  1. Лек за мамурлак

Здравствените придобивки од краставиците се рефлектираат и во лекувањето на мамурлакот. Доколку сакате да избегнете главоболка следниот ден, изедете неколку парчиња краставица пред спиење. Содржи доволно витамини Б, шеќер и електролити за да ги надомести изгубените хранливи материи за време на бурната ноќ.

 

 

Loading...
  1. Го забрзува растот на косата

Овој зеленчук ги прави косата и ноктите поздрави и поубави. Силициумот  во краставицата ги прави косата и ноктите поцврсти и посјајни, а поради високата содржина на силикон и сулфур поттикнува побрз раст на косата.

  1. Лекува изгореници од сонце

Оваа летна храна е одлична и како лек за изгореници од сонце и разни иритации на кожата. Ставете ја краставицата исечкана на прстени на местата погодени од изгорениците и оставете ја да делува. Ќе почувствувате големо олеснување.

  1. Ги намалува темните кругови

Дали вашите очи се уморни и отечени? Врз нив ставете парчиња краставица. Иако оваа глетка е веќе толку честа што станува клише, краставицата навистина помага да се намалат темните кругови и отечените очи поради своите антиинфламаторни состојки.

  1. Ја чисти кожата

Краставицата исечкајте ја на прстени и намачкајте ја на лицето. На овој начин природно и лесно ќе ја исчистите кожата благодарение на минералните соли во составот на овој зеленчук.

  1. Го ублажува целулитот

Краставицата е ефикасна и како антицелулитен лек. Имено, познато е дека во борбата против целулитот се препорачува секојдневно пиење повеќе течности, а бидејќи оваа храна е богата со вода која сочинува над 90 отсто од нејзиниот состав, конзумирањето на овој зеленчук го поттикнува излачувањето на водата и екскреција на токсини.