Збогум на сонцето: Од утре дожд, снег и заладување

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта и изутринава времето беше ведро, на места со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Loading...

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец ќе биде времето во текот на денот. Максималната температура, според синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со максимални 12 степени.

Утре во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите во сабота ќе преминат во снег и на некои пониски места.

За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер особено утре во текот на ноќта и во сабота кога на места ќе достигнува до 80 км/час. Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени во споредба со денешната.

Leave a Reply