Заврши ликовната колонија „Куманово 2021“

Сподели со своите пријатели

Заврши ликовната колонија „Куманово 2021“, на која годинава учествуваа 15 академски ликовни уметници од државата и од Србија, Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Поради сè уште актуелната Ковид пандемија, дел од уметниците твореа во Пелинце, а дел од домашните ателјеа.

Loading...

Градоначалникот Максим Димитриевски вчера ги посети уметниците во Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце каде имаше можност да ги разгледа делата.

– На оваа колонија која е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за култура, преку НУ Музеј Куманово, а во реализација на Фондација за култура и спорт Куманово уметниците создадоа 30 уметнички дела во техники масло на платно и акрилна техника, кои беа изложени за посетителите на настанот, информираа од општината.

На колонијата учествуваа Тања Темелковски Соларска, Ивана Тушевска, Стефан Младеновски, Марија Трајаноска, Мирослав Величковски, Ивана Настески и Дејан Божиновски од државата, Јелена Враговиќ, Небојша Ѓурановиќ, Владимир Илиќ, Маријана Ракичевиќ и Звездана Ѓериќ од Србија, од Хрватска, Леа Цепиќ, Панта Пантиќ од Бјелина (БИХ) и Небојша Станков од Бугарија.

Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите во државата, која се одржува од 1974-та година на различни локации.