Заврши 80-часовниот полициски час, што од денеска?

Сподели со своите пријатели

Во 05 часот утринава заврши долгиот 80-часовен полициски час кој беше воведен во скопските општини, Куманово, Липково, Штип, како и Тетово и околните населени места.

Loading...

Завршува и полицискиот час за останатите општини каде траеше од 16 часот попладне до 05 часот следниот ден.

Засега нема одлука за нови рестрикции, но Комисијата за заразни болести ќе заседава денеска, по што својот предлог ќе го достави до Централниот кризен штаб во Владата, од каде пак ќе се испрати на разгледување на владина седница.

Во петок, министерот за здравство Венко Филипче најави дека најверојатно нема да има никакви рестрикции од денеска и животот ќе продолжи да тече „нормално“ како до четврток.

Конечната одлука ќе биде позната во текот на денот.

Никола Ивановски

Leave a Reply