Затворен и зелениот пазар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Зелениот пазар во Куманово од денеска нема да работи, откако претходно беа затворени првин добиточниот и пазарот за стари работи, а потоа и делот за облека.

Loading...

– ЈП Пазаришта Куманово почнувајќи од 28.03.2020 да ги затвори сите зелени пазари на територија на Општина Куманово со напомена дека истава препорака не важи за трговските дуќани кои се закупци во ЈП Пазаришта Куманово, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување по денешниот 13ти состанок.

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово.

– Се забранува на сите Невладини организации и здруженија да не организираат лични донации на територија на Општина Куманово без предходна координација со Општински штаб за заштита и спасување и Црвен крст – Куманово, поради спречување на несакани собирања на поголеми групи на граѓани при дистибуирање на самата донација, велат од Штабот.

Како што додаваат од Општинскиот штаб за заштита и спасување Општина Куманово започна акција за делење на хуманитарни пакети на социјално најзагрозени категории на граѓани.

Никола Ивановски

Leave a Reply