Засилен ветер ќе ја намали температурата

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови каде што попладне ќе завршуваат, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 а максималните од 13 до 19 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, но температурите преку денот малку ќе се покачат.

Нови врнежи ќе има во почетокот на наредната седмица.

Leave a Reply