Заштедила 25.000 евра за година дена: Мајка на две деца открива 6 трикови со кои тоа го постигнала!

Сподели со своите пријатели

Оливија Вајт, мајка на две деца од Мелбурн, успеала да заштеди 25.000 евра за само 12 месеци.

Loading...

Таа верува дека управувањето со пари е клучна работа што треба да ја научите за да бидете успешни финансиски, а открива и трикови кои и помогнале да заштеди.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨ Olivia White ✨ (@houseofwhite_)

Поставување цели

Првиот совет на Оливија за сите оние кои сакаат да заштедат пари е да постават цел – колку планираат да заштедат за една година.

Покрај тоа, таа посочува дека помага да се разговара со доверлива личност за штедење, бидејќи тоа може да ви помогне ако започнете да забавувате на патот кон целта.

Пишувањето на вашите желби и планови за заштеда исто така може да помогне.

Loading...

Заштедата нека стане навика

„Имам одредена сума пари што планирам да ја издвојувам на неделно или месечно ниво и веднаш ја оставам“, вели Оливија.

Таа го прави ова со автоматско пренесување на одредена сума на друга, штедна книшка секој месец. Но, се разбира, ако не сакате да чувате пари на сметката, можете да ги одделите физички.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨ Olivia White ✨ (@houseofwhite_)

Заштедите мора да станат приоритет

Исто како што ги плаќате сметките секој месец, ако навистина сакате да заштедите, вашите заштеди мора да бидат во истиот опсег на приоритети кога одвојувате пари.

Оливија советува да мислите на износот на пари што сакате да ги заштедите месечно како друга обврска што треба да ја платите.

Loading...

Чувајте ги парите надвор од вашиот дофат

За да не бидете во искушение да ги трошите заштедите толку импулсивно, важно е да немате пари при рака.

Оливија се „осигурила“ од тоа со тоа што не ја поврзала својата штедна книшка со налогот за плаќање преку интернет.

Размислете за навиките на трошење

Ако сакате да заштедите пари, важно е да размислите како ги трошите парите. Оливија прави месечен буџет и го следи секој потрошен долар, а потоа поминува низ целиот буџет еднаш месечно, за да утврди на што троши и каде може да ги намали трошоците.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨ Olivia White ✨ (@houseofwhite_)

Пронајдете начин да заработите дополнителни пари

Loading...

Оваа мајка вели дека секогаш се труди да заработи нешто на страна, покрај платата што ја земала од постојаното работно место. Нејзиниот омилен начин, вели таа, е да продава носена облека.

„Кога заработувате нешто на страна, тоа значи дека имате повеќе пари да заштедите“, вели таа.

Инаку, Оливија успеака да заштеди 25.000 евра за една година, откако таа и нејзиниот сопруг си поставиле цел, да купат нова куќа.

Успеале во тоа со овие трикови, но и со планирање на оброците однапред.

Leave a Reply