Започнува реконструкција на две улици во Куманово, ќе има изменет режим на сообраќај

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово информира дека од денеска, 18 мај, започнуваат градежни активности на две фреквентни улици во градот, поради што се очекуваат измени во сообраќајот и отежнато движење во одредени делови.

Според информациите од локалната самоуправа, на дел од улицата „Бајрам Шабани“, на потегот од булеварот „3-та МУБ“ до улицата „Пчински пат“, ќе се реализира проект за реконструкција на коловозната конструкција и тротоарите.

Истовремено, градежни работи ќе започнат и на дел од улицата „11 Октомври“, на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до улицата „4-ти Јули“, каде ќе се врши реконструкција на водоводната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца кумановци приведени викендов оти возеле пијани

Од Општина Куманово апелираат до граѓаните да бидат внимателни и трпеливи за време на изведбата на работите, како и да имаат разбирање поради можните застои и изменетиот режим на сообраќај.

Никола Ивановски