Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека рускиот ноќен напад врз Днепар и регионот траел повеќе од шест часа.

„Ракетниот напад оштети станбена зграда, а сериозно беше погодена и друга цивилна инфраструктура. Цел на нападот беа и енергетските објекти и станбените згради низ целиот регион“, рече Зеленски во објавата на социјалната мрежа Х.

Како што наведе, беспилотни летала ја погодиле и Одеса, а еден од дронови погодил брод во сопственост на Кина.

„Русите не можеа, а да не знаат кој брод е на море. Вкупно е забележано уништување во осум региони, а досега се пријавени десетици луѓе ширум земјата повредени, меѓу кои и деца“, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Москва планира напади во срцето на Киев, но отпорот не е во зградите, туку во луѓето

Според претседателот на Украина, во овој напад Русите употребиле 524 борбени беспилотни летала и 22 проектили од различен тип, балистички и крстаречки ракети.

„Предупредувањата за воздушни напади остануваат на сила во многу гранични и фронтови заедници, но нашите служби работат секаде каде што дозволува безбедносната ситуација. Русија се потпира на балистички ракети за да ги погоди луѓето и затоа ние во Европа мора да направиме се што е можно за да обезбедиме сигурна заштита од ова“, рече Зеленски, пренесе Танјуг.

Како што вели, Европа мора да има свои антибалистички системи и да биде самодоволна во справувањето со овие закани. „Повторуваме уште еднаш – ни требаат сопствени антибалистички способности и посилна украинска воздушна одбрана во моментов. Оваа недела ќе биде фокусирана на соработка со нашите партнери за зајакнување на заштитата на животот“, заклучи претседателот на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пекинг во центарот на светската игра: Путин доаѓа веднаш по Трамп!