Три лица биле приведени викендов во Куманово откако полицијата констатирала дека возеле под дејство на алкохол.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи, во првиот случај приведен бил 37-годишник кој возел „БМВ“ со 1,81 промили алкохол.
– На 15.05.2026 во 23.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.В.(37) од Куманово, информираат од полицијата.
Како што додаваат при контрола на патниот сообраќај полициските службеници сопреле патничко моторно возило “бмв” и констатирале дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта.
Неполни два часа подоцна, бил приведен 36-годишник кој возел со 1,74 промили.
– На 16..05.2026 во 00.44 часот на булевар ” Трета македонска ударна бригада” во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Т.(36) од Куманово, информираат од кумановската полиција.
Како што се појаснува, при контрола на патниот сообраќај полициските службеници сопреле патничко моторно возило “фиат” и констатирале дека Д.Т. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта.
Во третиот случај, два часа подоцна, привеле и 29-годишен возач на БМВ кој возел со 1,54 промили.
– На 16.05.2026 во 02.49 часот на улица “Ѓорче Петров” во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј.(29) од Куманово, информираат од полицијата.
Како што додаваат од СВР Куманово, при контрола на патниот сообраќај полициските службеници сопреле патничко моторно возило “бмв” и констатирале дека М.Ј. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.54 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

