Започна изградбата на кружниот тек во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна изградбата на кружниот тек во Куманово на влезот од градот. Екипите на фирмата изведувач, почнаа со градежни активности. Претходно, општина Куманово усвои времен сообраќаен план за влезот на градот кај крстосницата на булеварот „Трета МУБ” и улицата „11 Октомври” .

Loading...

Изградбата на кружниот тек влегува во рамки на развојната програма на општина Куманово заедно со изградба и реконструкција на улици.

Претходно, кон крајот на јуни заврши тендерот за избор на компанија за изградба на кружен тек во Куманово. Над 19, 7 милиони денари одвои општината за изградба на кружниот тек на влезот на Куманово, а тендерот го доби кумановската фирма „Кооп инжинеринг”.

Loading...

Избраната компанија, изведувач на градежните работи, има рок од три месеци да го заврши проектот.

Leave a Reply