Заминал во пензија, па на 70 години запишал средно училиште

Сподели со своите пријатели

Мароканецот Лехасан ес Шакири (70) одлучил да се врати во училишните клупи и да заврши средно училиште. Лошата материјална ситуација го натерала да го прекине образованието и да почне да работи. Сепак, љубовта кон училиштето била поголема, па на наставата решил да и се врати по заминувањето во пензија.

Приемниот испит за средно го полагал во Тингир, а сега чека резултати, кои ќе бидат објавени на 19 јули, и можност за продолжување на образованието.

Се надева дека еден ден ќе има можност да запише факултет и да студира социологија.

Шакири воедно е најстар кандидат кој полагал приемен испит. Додал дека во 2014. година добил диплома за завршено основно училиште, а во изминатите четири години учел од училишни учебници.

Шакири згорува и за бројни животни маки кои му се случиле и како во текот на животот објавил различни работи.

 

Loading...

 

Престојувал и во Франција, каде во текот на денот работел за да заработи нешто пари за одржување на семејството во Мароко, а потоа би започнал вечерна школа.

За тоа време постојано читал книги, весници и списанија.

– Дури и кога се одалечив од училишнит еклупи, не се откажав од читање и учење. Сакам да читам. Иако малку заработував, купував книги. Направив мала библиотека на арапски и француски јазик. Љубовта кон читањето и учењето ми ја пренесе еден Французин. Ми овозможи по завршување на работата да одам на часови по француски, а ми даваше и книги и романи на француски јазик, рекол Шакири.

Додека бил во Франција, живеел во град во близина на германската граница, па така имал можност за учење на германскиот јазик. Откако бил пензиониран, одлучил да се врати дома.

– Науката завзема важно место во животот на човекот. Велат дека треба да се учи од колевка до гров. Човекот може секогаш да се школува, без оглед на тоа за кој дел од животот станува збор. Потребно е само да се сака и да се истрае, рекол тој.

Leave a Reply