Заменик министерот за образование во посета на кумановските средни училишта (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу денеска е во посета на средните стручни училишта во Куманово каде на отворен ден се промовираат образовните профили за учениците кои ќе се запишат во прва година во учебната 2021-2022 година.

Loading...

 

 

Целта на овие отворени денови, како што истакна Алиу е промоција на паралелките со стручно образование.

– Сме почнале со 11 паралелки пред две години, минатата учебна година овој број се зголеми во 97, па оваа година еве веќе според конкурсот кој сѐ уште е во тек за запишува во средното образование особено за нас интересот е стручното средно образование се предвидени или одобрени од страна на министерството 227 паралелки кое како барање од страна на училиштата, интересот на учениците и соработката со компаниите, изјави заменикот министер за образование Лулзим Алиу.

 

Loading...

 

Како што потенцираше Алиу, вкупно 450 компании потпишале договори за соработка со стручните училишта каде учениците ќе можат да следат практична настава, а со тоа и полесно да се обучат за влегување на пазарот на трудот.

 

 

Својата посета на кумановските училишта, заменикот министер ја започна од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ каде беа изложени низа штандови од страна на учениците.

 

Loading...

 

Директорот на ОСТУ „Наце Буѓони“, Драган Јаневски, истакна дека конкурсот за запишување на ученици во прва година е во тек и се предвидени 10 паралелки со настава на македонски и албански јазик.

– Како и секоја година и оваа година се планирани три струки за запишување, машинска струка, здравствена и електро-техничка струка за настава со македонски и албански наставен јазик. За машинска струка имаме три профили, техничар за компјутерско управување една паралелка 34 ученици, машинско-енергетски техничар една паралелка со 34 ученици со четиригодишно образование и со тригодишно образование конструкциски механичар, една паралелка од 34 ученици, изјави Јаневски.

 

 

Од електро-техничката струка ќе се формира една паралелка за профилот електро-техничар енергетичар, две паралелки за техничар за компјутерско управување, а од оваа учебна година ќе биде формиран и нов образовен профил, а тоа е техничар за индустриска мехатроника која е дуална паралелка со Дрекслермаер за 25 ученици.

– Стандардно ние запишуваме ученици во сите паралелки, а најголем интерес има за електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Оваа година очекуваме и голема заинтересираност за новиот профил, таа дуална паралелка за техничар за индустриска мехатроника, додаде директорот Јаневски.

Loading...

 

 

Од здравствената струка слободни се 68 места за профилот медицинска сестра, во две паралелки.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски