Захарова за поддршката на Швајцарија на Киев: Има докази за отстапување од неутралноста

Сподели со своите пријатели

Швајцарија не само што изрази солидарност со политиката на колективниот Запад кон Украина, туку и идеолошки го поддржува режимот во Киев, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Loading...

„Нема договорни обврски. Нема продажба на оружје за пари. Има испораки на оружје. Некои земји го прават тоа затоа што се уценети. Кога тоа се случува на тој начин, тоа не е поврзано со никакви договори, економија, продажба, пазари.

Ова го претпоставува дивото пеколно вклучување на колективниот Запад во украинскиот конфликт токму како страна во тој конфликт. Швајцарија е целосно солидарна со овој пристап, со оваа политика на колективниот Запад“, изјави Захарова за радиото Спутник.

Според неа, Швајцарија не објавила дека има посебно гледиште, врз основа на факти не објавила дека има приоритети кои бараат преиспитување на таа позиција.

Таа покажа целосна политичка солидарност, вели портпаролката.

„Постои цела низа чекори во насока на материјална и техничка поддршка на режимот во Киев. Не треба да ја заборавиме идеолошката поддршка за нацистичката суштина на режимот во Киев. Затоа, вистинската анализа за отстапувањето на Швајцарија од неутралноста е достапна и во прилично деталните материјали на самите западни новинари“, посочи таа.

Захарова претходно ја коментираше изјавата на шефот на швајцарската дипломатија Игнатиус Касис дека во таа европска земја се водат тајни преговори меѓу Русија и Украина, велејќи дека Швајцарија не може да биде платформа за дијалог бидејќи го изгубила неутралниот статус.

Швајцарија претходно се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија како одговор на влегувањето на руските војници во Украина. Од 25 ноември, Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 7,5 милијарди франци (околу 7,94 милијарди долари).

Loading...