Загина шведскиот уметник кој го нацрта пророкот Мухамед и поради тоа живееше под полициска придружба

Сподели со своите пријатели

Шведскиот уметник Ларс Вилкс, познат по цртање карикатура на пророкот Мухамед на кој ја наслика главата на пророкот Мухамед на тело на кучето, загина во сообраќајна несреќа, објави Би – Би – Си, повикувајќи се на локални медиуми.

Loading...

Наводно, Вилкс бил во цивилен полициски автомобил кој се судрил со камион во близина на градот Маркарид, на југот од Шведска.

Загинале и двајца полицајци, а возачот на камионот е повреден.

Вилкс е под полициска заштита од 2007 година, откако доби смртни закани поради карикатура на пророкот Мухамед.

Полицијата соопшти дека засега не е јасно како дошло до судирот.

По објавувањето карикатура за Мухамед, Ал Каеда во Ирак понуди награда од 100.000 долари за неговото убиство.

Пред објавувањето на таа карикатура, Вилкс беше во голема мера непознат надвор од Шведска.

Во Шведска, тој беше најпознат по тоа што изгради скулптура од дрво во природен резерват во јужна Шведска без дозвола, што предизвика долг правен спор.

Loading...

Тој беше казнет, ​​но скулптурата на брегот – куп дрвја заковани на хаотичен начин – привлекува десетици илјади посетители годишно.