Заев: Вистината за ”Монструм” и останати афери сепак ќе бидат споделени со јавноста (видео)

Сподели со своите пријатели

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за медиумите, по враќањето од Стразбург изјави дека  настаните во Куманово ја спречиле партијата во намерите да бидат обелодените папките кои откриваат нови детали за случајот „Монструм“ и за затворањето на А1 телевизија.

Loading...

Тој уште еднаш повтори дека објавувањето на нови прислушувани разговори ќе биде стопирано за некое време, но дека на крај ќе бидат објавени сите доказни материјали за коруптивни афери на власта затоа што, вели, јавноста има право да знае.

– Пред самиот почеток на овој процес беа подготвени 102 папки или случаи, 33 се само објавени. Сакавме да ги покриеме сите области од секојдневието на граѓаните, сите отворени прашања, и намерата беше да бидат соопштени вкупно 35 до самиот протест. Овде е случајот „Монструм“ и А1 телевизија. Второто го изгубивме како можност затоа што ги спречивме сите активности на опозицијата за време на критичните денови во Куманово и го изгубивме тој ден, а реално Куманово влијаеше да го пролонгираме процесот „Монструм“ за одреден период. Но јас вистината ја ветив и таа вистина ќе биде обелоденета комплетно. Верувам дека граѓаните сакат да слушнат што се случувало со проектот „Скопје 2014“, процесот „Шпион“ и „Детонатор“. Таа вистина ќе биде споделена со граѓаните – изјави Заев.


Leave a Reply