Германија воведува данок на шеќер и ги зголемува даноците на алкохолот и тутунот

Сподели со своите пријатели

Германската влада планира да воведе „данок на шеќер“, како и да ги зголеми даноците на алкохолот и тутунот, а истовремено да ги намали одредени финансиски бенефиции, со цел да го стабилизира државниот буџет.

Ова го објавува германската новинска агенција dpa, повикувајќи се на извори од Министерството за финансии.

Овие мерки се засноваат на препораките на комисијата за реформи чија цел е да се олесни товарот на задолжителното здравствено осигурување.

Комисијата, назначена од министерката за здравство Нина Варкен, предложи прогресивен данок на засладените безалкохолни пијалоци, како што се колата и лимонадата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пораст на бројот на самоубиства во израелската армија

Министерството за финансии сега разгледува посебен данок на ваквите производи.

Покрај тоа, комисијата предложи зголемување на даноците на тутунот, како и на жестоките пијалоци.

Владата веќе објави дека данокот на тутунот ќе се зголеми, а се разгледува и воведување данок на пластика.

Во среда, владата планира да ги усвои основните насоки на буџетот за 2027 година, како и финансискиот план за следниот период.

За 2027 година е планирана потрошувачка од околу 543 милијарди евра, што е значително повеќе од оваа година, со посебно зголемување на средствата за одбрана.

Државата планира и ново задолжување од 110,8 милијарди евра преку основниот буџет, што е повеќе од оваа година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп жестоко го нападна Мерц: „Не е ни чудо што на Германија ѝ оди толку лошо“

Дополнителни трошоци ќе се финансираат од посебни средства наменети за модернизација на инфраструктурата.

Според достапните информации, буџетскиот дефицит од повеќе милијарди долари за следната година е успешно затворен со разни мерки, но сè уште постојат големи финансиски предизвици за 2028 година.

Владејачката коалиција на демохристијаните и социјалдемократите, предводена од канцеларот Фридрих Мерц, исто така најави голема реформа на данокот на доход од 1 јануари 2027 година, со цел трајно олеснување на товарот врз малите и средни претпријатија.

Сепак, таа реформа ќе чини неколку милијарди евра, а во рамките на коалицијата сè уште нема договор за нејзиниот точен модел или за начинот на финансирање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Крвави судири меѓу Пакистан и Авганистан: 7 убиени, 85 ранети (ВИДЕО)

Матијас Мирш, шеф на пратеничката група на социјалдемократите во Бундестагот, изјави дека постои можност за привремено суспендирање на таканаречената „кочница за долг“ доколку кризата околу Иран продолжи со сериозни економски последици.

„Кочницата за долг“ е уставен механизам што го ограничува прекумерното задолжување на државата.

Несогласувањата околу ова прашање веќе доведоа до пад на претходната германска влада.