Заев: Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ

Сподели со своите пријатели

Владата останува на утврдениот стратешки колесек, испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ. Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет, наша обрска е да ги спроведуваме европските стандарди дома. За нас нема друг пат, нема друга алтернатива и нема откажување. Продолжуваме како и во првите 100 дена, заедно со граѓаните, со грижа и со одговорност, обезбедуваме сигурност, порача премиерот Зоран Заев на денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот на Владата.

Loading...

Од оваа година С Македонија има уште едно одличје во сопственото брендирање, олицетворено во мотото „Ние сме НАТО, заедно сме посилни“, нагласи тој и најави дека како Македонци и со нашиот македонски јазик ќе бидеме и членка на ЕУ.

– Со членството во НАТО нашата безбедност е гарантирана, остварена е стратешка цел, нашиот суверентитет, интегритет се под целосна заштита на најмоќната политичка и воена алијанса во и сторијата на човечката цивилизаиција. Во НАТО сме еднакви со најразвиените и најмоќните земји во светот. Активно придонесуваме за одржвуање на мирот во светот и за подобрување на стабилноста пред се во нашиот регионот, што е клучен предуслов за одржлив економски развој, рече премиерот Заев.

Информриа дека е завршена процедурата за усогласување на Меморандумот за соработка со НАТО на полето на сајбер одбраната и документот е подготвен за потпишување, што ќе овозможи координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напад.

Како членка на НАТО, подвлече тој, Владата донесе одлука за воспоставување на Центар за поддршка на локалните компании, чија примарна задача ќе биде поддршка на компаниите и олеснувањето на нивниот пристап на НАТО пазарот.

Во рангирањето на транспаренси Интернешенел за земјите од Централна и Источна Европа, потсети премиерот Заев, ние сме на второ место и сме пред четири земји членки на ЕУ и шест земји членки на НАТО во однос на интегритетот на Владите во секторот одбрана.

Претседателот на Владата Зоран Заев изрази благодарност до НАТО и до ЕУ за покажана солидарност за помошта добиена за справуањето со КОВИД, хуманитарно, низ медицински материјали и финансиска.

Цветанка Миновска

Loading...

Leave a Reply