Заев и Спасовски од Куманово најавија поголема посветеност во работењето (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Куманово учествуваа на трибината „Фер општество – шанса за сите“.

Loading...

Конечната цел на ваквите трибини според премиерот Заев е да се информираат граѓаните за сите детали од работењето на извршната власт, соработката со локалната самоуправа, но и да се отворат можности за одредени прашања и проблеми кои ги засегаат граѓаните.

– Јас верувам дека тоа ја прави владата потранспарента, поинклузивна во еден процес каде и граѓаните имаме намера да ги инволвираме на позитивен начин за секојдневието кое ги тангира сите, без разлика дали се работи за нешто што е надлежна извршната власт или локалната. Знаете дека имаме централна власт која е продецентрализацијата, направивме конкретни чекори за нивно помагање и ние веруваме дека проблемите побрзо и поефикасно се решаваат кога се поблиску до граѓаните во делот на одлучувањето преку општините, општинските совети, локалните претпријатија но и државата преку извршната власт има намера да биде директно или индиректно вклучена во надминување на тие проблеми, изјави Заев.

Главните теми на трибината беа економијата, политичките аспекти, иднината, и перспективите на државата

Спасовски во своето обраќање пред кумановци истакна дека се реализираат низа проекти за подобар живот на граѓаните на Куманово. Патниот правец Старо Нагоричане – Пелинце е скоро завршен, а многу скоро, како што најави вицепремиерот, ќе започне и реконструкцијата на патот Куманово – Свети Николе, за кој вели дека е еден од најлошите магистрални патишта во државата.

– За скоро започнува изградбата на патниот правец Куманово – Страцин, а веќе се работи на експресниот пат Страцин – Крива Паланка – Деве Баир. Целосна реконструкција на патот Куманово – Никуштак и поправка на регионалниот пат каде најголема полза покрај Куманово ќе имаат и жителите од население места Черкези, Ново Село, Љубодраг, па се до Никуштак, исто така еден патен правец кој што е важен за Куманово. Овозможивме и ќе се започне со реконструкција на патниот правец Куманово – Опае, доделени се на општината 20 милиони денари за инфраструктурно уредување на индустриската зона во Куманово и тука нема да запреме туку напротив ќе продолжиме понатаму кон доделување нови финансиски средства, рече Спасовски.

Loading...

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека е изградена и спортска сала во економското училиште на албански јазик, а во завршна фаза е и спортската сала во селото Черкези, додека пак салата на ОСТУ „Наце Буѓони“ наскоро започнува да се гради.

– Пред два дена е избран изведувач на работите за фекална канализација во село Тромеѓа, тоа е нешто што е започнато во 2005 година кога СДСМ беше на власт и сега ќе продолжиме за многу кратко време и ќе го завршиме целиот овој проект. Остануваат уште многу проекти кои ќе ги поддржиме заедно во соработка со општината и во смисла на детски градинки и други инфраструктурни проекти, додаде Спасовски.

Од трибината која траеше околу еден час беше испратена порака дека посветеноста во работењето ќе продолжи поинтензивно и резултатите ќе бидат видливи во 2019 година.

Leave a Reply