Заев: Добивме конечна потврда на македонскиот идентитет и јазик, сочуван е идентитетот на заедиците

Сподели со своите пријатели

Интегрално соопштение од Владата на Република Македонија

Loading...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се обрати неколку пати на вечерашната собраниска седница, на којашто се утврдени, донесени и прогласени амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија и на којашто е амандмански дополнет Уставниот закон преку донесена одлука од страна на Собранието на Република Македонија за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија.

Во врска со прифатените амандмани во финалната фаза, меѓу кои има и амандмани на пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на Панчо Минов, на Алијанса за Албанците и на БЕСА, премиерот Заев рече:

„Добивме конечна потврда на нашиот идентитет и на нашиот јазик. Имаме правично решение. сегашниот Устав и Уставен закон се подобрени“, при што изрази благодарност до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и БЕСА со кои беше обезбедено гласањето со двотретиското мнозинство во Парламентот.   

„Од независноста досега, овој Парламент носел прекрасни одлуки, со коишто се покачувале плати, закони со коишто се унапредувала благосостојбата на граѓаните, но Парламентот имал и тешки одлуки и оваа денешната не е лесна одлука. Но се сериозни и одговорни одлуки кои ја гарантираат иднината на Македонија“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев додаде дека „најлесно е да го избегнете овој процес и под превезот на политиканството да се скриете“. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател се за ЕУ, партијата знае дека подобар договор од овој не може да се постигне „и знае дека без договор со Грција нема НАТО и ЕУ, а тоа се децениски аспирации на нашите граѓани“ и објасни дека за време на целиот преговарачки процес го информирал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кога од мај повеќе не сакал да дискутира, иако знаел дека што се случува во регионот „и колку од безбедносен аспект е важно да се постигне договор“.  Исто така уште еднаш беше потсетено дека решение само за меѓународна употреба и можело да биде постигнато, но тогаш во називот на државата ќе ја немало Македонија, или ќе имало модифициран назив, што со сегашното решение е избегнато, а името Македонија е сочувано.     

Leave a Reply