Задолжителна кастрација на кучињата и казни до 700 евра

Сподели со своите пријатели

Измените на Законот за заштита и благосостојба на животните, предвидуваат задолжителна кастрација, но и зголемување на казните од 100 на 700 евра.

Loading...

Ваквите предлог измени денеска ќе се најдат на прво читање на собраниската седница.

Измените се предоложени од група пратеници меѓу кои Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Никица Корубин, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Милева Ѓоргиева, Шпреса Хадри, Мирсада Емини Асани, Снежана Калеска Ванчева.

Ваквите измени како што појаснуваат предлагачите, треба да спречат неконтролирано зголемување на кучињата скитници, па така дополнението на членот 27 од постоечкиот закон би гласело:

„Сопствениците на кучиња во репродуктивен период се должни да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во установите од ставот (1) на овој член, освен оние сопственици што имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.“

Но, доколку не ги пријавите своите кучиња еднаш годишно во ветеринарна амбуланта или овластен ветериранар наместо досегашните 100 евра, глобата која може да ви биде изречена ќе изнесува вртоглави 700 евра, односно околу две просечни македонски плати. Исто толкава сума ќе платите и ако не истакнете табла со која на влезната врата ќе предупредите дека има присуство на куче, нема да го држите врзано на јавно место или нема да пријавите негово легло кај овластена ветеринарна станица.

Leave a Reply