Зад експлозијата во Данска се крие „југословенска врска“

Сподели со своите пријатели

Во екслозијата која во недела се случи пред подземната железница на југот на шведската престолнина Стокхолм, загинал еден маж (60) додека друго лице е повредено.

Мажот загинал кога експлодирал предметот кој го подигнал, пренесува шведската национална телевизија.

Шефот на полицискиот округ за југот на Стокхолм Ларс Албарсјо рекол за шведскиот јавен сервис дека полицијата бележи дека криминалните групи се повеќе користат рачни бомби, како и дека поголемиот дел од тие бомби во Шведска доаѓаат од поранешните југословенски републики.

Според негови зборови, во трите најголеми шведски градови, Стокхолм, Гетеборг и Малбе забележани се неколку слични инциденти во изминатите неколку години.

Во експлозијата полесно повредена е и една жена, а мажот со повредите е префрлен во болница, каде подоцна починал.

Метрото „Варби Гард“ и истоимениот плоштад одредено време биле затворени додека траел полицискиот увид, а полицијата се уште го испитува предметот кој експлодирал.