За овој хороскопски знак тврдат дека е најарогантниот

Сподели со своите пријатели

Многумина веруваат дека близнаците се лажговци, измамници и крадци, пишува Дани Ларкин во својата колумна Astro Roast на Vice.

Loading...

Тој додава дека на некој начин, таа репутација е заслужена, бидејќи Близнаците, како што сугерира нивното име, се знак на двојното.

Секогаш го добиваат она што го сакаат: Овие хороскопски знаци важат за истрајни у упорни

Со нив управува Меркур, планетата на комуникација, така што Близнаците се вистински „дрдорковци“ кои сакаат да раскажуваат приказни. Тие можат да зборуваат како две лица, и имаат непријатна навика да бидат лицемерни и склони кон измама.

Тие честопати сфаќаат дека им е лесно да ги надмудруваат луѓето околу нив користејќи само игри со зборови.

Концептот на слушање е непознат за многу Близнаци. Во еден момент, тие ќе забележат дека колку и да им изгледа интересно она што луѓето го зборуваат, заминуваат од нив, па затоа ги сметаат за арогантни кретени. Сè ќе ви биде јасно кога ќе кажеме дека Доналд Трамп е близнак.

Два хороскопски знаци кои според интелигенцијата се издвојуваат од останатите

Во нивна одбрана, Близнаците не се свесни за тоа колку луѓето ги сметаат за променливи. Еден ден тие мислат едно, додека следниот ден целосно ќе го променат своето мислење и ќе прегазат се што рекле вчера.

Loading...

Како воздушен знак, тие се интелектуалци кои брзо се враќаат на нозе, но тешко е да ги задржите на едно место. Тие сакаат да направат и откажат планови во последен момент.

И кога конечно ќе се случи конфликтот, без разлика дали тоа е со пријателите кои се налутиле поради откажаниот договор во последен момент или со партнерот на кој изјавиле љубов, а потоа исчезнале, Близнаците ќе ги влошат работите со премногу аналитички одговори.

Хороскопски знаци кои имаат најмногу проблеми со парите

Тие се склони кон прекумерно размислување, што во очите на другите ги прави ладни и пресметани.

Ако успеете да ги освоите близнаците, вашата врска најверојатно ќе заврши со прељуба или исцрпеност од нивното константно зборување. Повеќето луѓе во врските сакаат да се гушкаат со партнерот и да се одморат или да имаат односи, а близнаците би сакале само да зборуваат.

Leave a Reply