За една недела шест кражби во Куманово, приведени 4 лица

Сподели со своите пријатели

Шест кражби расчистила кумановската полиција во текот на оваа работна недела при што од слобода биле лишени четири осомничени лица.

Loading...

– На подрачјето на СВР Куманово изминатава недела беа  расчистени 6 кражби, кои биле извршени во деловни објекти. Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција  од Куманово  од  слобода лишиле  четири  лица поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата, информираат од полицијата.

 Секторот за внатрешни работи Куманово презема засилени мерки и активности за расчистување и на други кривични дела, стои во соопштението.

Никола Ивановски