За една недела 115 нови случаи во Куманово, починаа четири лица

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела на подрачјето на Куманово (вклучително и Општина Липково), се регистрирани 115 нови случаи позитивни на коронавирусот, додека во истиот период својот животи како последица од компликации од вирусот го загубиле четири лица.

Loading...

Од четирите починати лица, најмладиот имал 64, а највозрасниот 77 години.

Најголем број на случаи се регистрирани во вторник на 5 јануари, вкупно 32 нови позитивни.

Од почетокот на пандемијата Куманово бележи вкупно 4.865 заразени лица, или во проценти 6,77% од жителите. Од нив оздравени се 4.209 лица, а вкупно починати се 182.

Во овој момент Куманово има 474 активни случаи, што го става на 3то место во државата. Пред Куманово според бројот на активни случаи се Скопје со 10.017 и Тетово со 715.

Податоците се собрани од дневните извештаи на Министерството за здравство и сајтот gdi-sk.

Никола Ивановски

Leave a Reply