WSJ: Израел изврши напад со дронови врз воен комплекс во Иран

Сподели со своите пријатели

Израел изврши напад со беспилотно летало врз воен комплекс во Иран во време кога Вашингтон и Тел Авив бараат нови начини да ги ограничат нуклеарните и воените амбиции на Техеран, тврдат американски официјални лица и луѓе запознаени со операцијата, пишува Wall Street Journal.

Loading...

Иранските власти објавија дека противвоздушната одбрана на земјата одбила обид за напад на три мали беспилотни летала, чија цел беше фабрика за муниција во градот Исфахан, во близина на локацијата што му припаѓа на Иранскиот центар за вселенски истражувања, кој САД го санкционираа за неговата работа на иранската балистички ракетна програма, според американскиот весник.

Иран соопшти дека неговата воздушна одбрана соборила еден од беспилотните летала, додека другите два експлодирале над магацинот, предизвикувајќи мала штета на покривот.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан денеска изјави дека целта на „кукавичкиот напад извршен со беспилотни летала врз воен објект на околу 400 километри од Техеран е да се создаде несигурност во Иран“.

„Таквите акции нема да влијаат на решителноста на нашите експерти да ја унапредат нашата мирновременска нуклеарна работа“, рече Абдолахиан за новинарите.

Израелската војска одби да коментира.

 

Loading...