Вулкан во Исланд испушти облак од опасен гас: Стигна до северот на Европа

Сподели со своите пријатели

Вулканска ерупција се случи на исландскиот полуостров Рејкјанес на 17 март.

Loading...

Од четирите ерупции регистрирани во регионот од декември, оваа беше најсилна, а облакот од сулфур диоксид исфрлен во воздухот стигнува до континентална Европа, објави Службата за мониторинг на атмосферата Коперник (CAMS).

Предвидувањата на CAMS се направени врз основа на атмосферскиот состав, сателитски податоци и информации за количината на сулфур диоксид во атмосферата, а вулканските ерупции се еден од неговите главни извори.

Прогнозите направени по ерупцијата покажуваат дека вулканскиот материјал исфрлен во воздухот се движи кон исток над Ирска и Велика Британија и дека во средата стигнал до Скандинавија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ отвора нова истрага против Мета

Сега патува преку Балтикот и утре, петок ќе стигне до балтичките земји, Полска и северозападна Русија.

– Претходните ерупции не произведуваа многу сулфур диоксид што можевме да го следиме. Количината на сулфур диоксид овој пат е јасна и можеме да ја следиме додека се движи низ северна Европа, иако не очекуваме дека ќе има никакво влијание врз климата или квалитетот на воздухот – рече во изјавата Марк Парингтон, научник од CAMS.

– Вулканските ерупции и ослободувањето на сулфурни соединенија може да го нарушат не само квалитетот на воздухот, туку и глобалните процеси, како што се концентрациите на озон во стратосферата. Влијанието на вулканските ерупции на Исланд врз атмосферата се уште не е значајно, но важно е да се следи и процени ситуацијата – изјави Лоренс Руил, директор на CAMS.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

 

Loading...