Вучиќ: Западот не сака да разговара за тоа кому припаѓа Косово

Сподели со своите пријатели

Изгледа како запданите земји да не сакаат на никаков начин да разговараат за тоа кому припаѓа територијата на Косово, тие тоа го зметаат за завршено, рекол претседателот на Србија, Александар Вучиќ за РТС.

Ние не преговараме само со Албанците, туку и со оние кои ја создадоа независната држава Косово, додава претседателот.

– Ситуацијата е тешка. Сбрите се држат цврсто, но ќе ни биде тешко. Србија очекува многу подобар живот, луѓето чекаат зголемување на платите и пензиите, мораме затоа да го зачуваме мирот и стабилноста, рекол српскиот претседател за РТС.

Не сум особено задоволен, очекував поголемо разбирање не само за Србите на Косово и Метохнија, туку и за Србија, порачал Вучиќ во Њујорк. Претседателот рекол дека е задоволен од трудот и работата на Србија, додаваќајќи дека не е задоволен од резултатите од разговорите.

– Долго разговаравме за иднината на Србија, околу КиМ, да се обидеме да најдеме компромис. Албанската страна го прави своето, меѓународната заедница своето, јас се трудев од амбисот да ја доведеме Србија до површината, макар тука биле удрени од бурни ветришта. Не сум задоволен, истакнал Вучиќ.

Додава дека имал многу длабински разговори со луѓето кои одлучуваат за доста работи.

Изгледа дека западните земји не сакаат на никој начин да разговараат за тоа кому припаѓа територијата на Косово, тие тоа го сметаат за завршено, додава Вучиќ.

– За нив секоја приказна за тоа е отварање на Пандорината кутија. Секаде каде сум одел, во никаква дипломатска офанзива не сум бил,туку само објаснував што е фер. Реков дека тие ја отворија Пандорината кутија не почитувајќи ја резолуцијата 1244, нагласил тој.

Leave a Reply