Врската меѓу мајка и ќерка: Единствена љубов која ништо не може да ја прекине

Сподели со своите пријатели

Љубовта без граници која не слабее под никакви услови или животни промени.

Loading...

Ако се верува на науката, постојат причини зошто врската меѓу мајкат аи ќерката е една од најсилните кои две личности можат да ја поделат. Имено, експертите тврдат дека тој лежи во начинот како мозокот ја ги процесира емоциите.

Според студијата објавена во „Journal of Neuroscience“ дел од мозокот кој регулира емоции е посличен кај мајките и ќерките отколку во било кој друг меѓугенерациски однос, како мајка и син, татко и ќерка или татко и син.

Студијата сугерира дека кортиколимбиските склопови кои се вклучени во регулирањето на расположението покажуваат специфични трансмисиски обрасци кога во прашање се мајките и ќерките.

Секако, постојат и многу други фактори кои влијаат на развојот на врската меѓу мајката и детето, но изгледа дека тие обрасци играат важна улога во тоа како мајкат аи ќерката ги процесираат емоциите и регираат една на друга, тврди науката.

Истото истражување донело и нови увиди во разбирањето на менталното здравје. Авторот на студијата, проф. др. Фумико Хофт, професор по психијатрија од Универзитетот Сан Франциско, тврди дека испитуваниот кортиколобиски систем силно е поврзан со депресијата. Затоа менталното здравје на мајката е добар показател на психичкото здравје на ќерката и поради тоа информациите за семејната историја на менталната состојба можат да бидат од голема помош во лекувањето на депресијата кај женските лица.

Едно неодамнешно истражување покажало дека мајките ги фаворизитаат ќерките, а татковцит синовите, поради пристрасноста во заедничкото искуство и поради тоа се верува дека мајките и ќерките можат да се лекуваат една друга, кога станува збор за менталното здравје.

Друга студија ја потврдила дека врската меѓу мајката и ќерката останува силна во текот на сите промени во животот, за разлика од сите други семејни односи кои се многу подложни на промени.

Loading...

Image by Анастасия Гепп from Pixabay

Leave a Reply