Времето денеска сончево и многу топло, дожд в петок

Сподели со своите пријатели

Претежно сончево и топло со слаб северозападен ветер е временската прогноза која синоптичарите ни ја најавуваат за денеска.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 28 до 36 степени целизусови. Индексот на УВ зрачењето ќе биде многу висок со коефициент девет.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претжено сончево и топло време. Максималната дневна температура се очекува да достигне 31 степен.

В петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.

Leave a Reply