Враќање зад решетки: Уапсен откако по излегување од затвор украл шампањско

Сподели со своите пријатели

Поранешен затвореник уапсен е истиот ден кога излегол од затворот затоа што е осомничен дека украл шампањско во градот Фирт, соопштуваат од германската полиција.

Loading...

Во соопштението се посочува дека 25-годишниот маж во петок на 9ти август е виден како од продавницата во Фирт краде неколку шишиња шампањско.

Сопственикот на продавницата во баварскиот град повикал полиција и тргнал по осомничениот, а полицијата тврди дека кај него се пронајдени шишињата, јавува АП.

Агенцијата додава дека ќе мине уште многу време пред осомничениот да го прослави излегувањето од затвор, затоа што полицијата соопштила дека кај момчето е пронајден и нож, па поради тоа е отворена истрага под сомнение за вооружен грабеж.

Leave a Reply