Возрасни кумановци нападнале малолетничка па ја допирале по телото

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци на возраст од 62 и 55 години физички нападнале малолетно девојче по што ја допирале по телото.

Loading...

– На 12.05.2023 во 23.40 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.С.(62) и Г.П.(55), двајцата од Куманово, постапувајќи по претходна пријава според која околу 23.10 часот во куќа во Куманово, каде престојувале, физички нападнале малолетничка и ја допирале по телото, информираатод Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, за случајот е известен Јавен обвинител, а по негово  целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат вработен во кумановската болница

Никола Ивановски