ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Терорист од Москва фатен среде шума (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појави уште едно видео од апсењето во областа Брјанск на осомничен за масакрот во Москва, каде беа убиени 143 лица.

Loading...

Ова е еден од осомничените за нападот кој полицијата го приведе.

На видеото се гледа дека трпел насилство, не се знае од кого, бидејќи главата му е облеана во крв.

 

 

Непосредно пред оваа снимка на интернет се појавија уште две видеа од осомничените за терористичкиот напад кои полицијата ги испрашува.

Откако на социјалните мрежи се појавија видеа од уапсен терорист осомничен за учество во масакрот во Москва, на Телеграм се појави и видео од сослушувањето на уште еден осомничен за нападот.

Loading...

Еден од осомничените полицијата го држи за коса додека го испрашува, но мажот очигледно не сака премногу да зборува, додека другиот откри за колку пари ја вршел „валканата“ работа, пренесува Телеграф.рс.

 

 

Да потсетиме, Федералната служба за безбедност на Русија денеска по апсењето соопшти дека четворицата осомничени терористи, по нападот што синоќа го извршија во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинска страна.

Бројот на жртвите по терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ значително ќе се зголеми, изјави гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.

„Кога станува збор за загинатите, морам веднаш да кажам дека бројот на жртви значително ќе се зголеми“, изјави Воробјов, пренесува РИА Новости. Тој изјави дека се работи на расчистување на урнатините и дека тоа ќе се работи 24 часа.

„Денеска во 6:30 часот спасувачите влегоа во салата каде што се случија најстрашните настани. Можеме да видиме дека ситуацијата е исклучително тешка. Инженерските работи ќе се вршат 24 часа на ден, нивната цел е отстранување урнатиот покрив, со сите средства“, рече тој, пренесе Интерфакс.

Loading...

Руските медиуми јавуваат дека Министерството за вонредни ситуации на Русија денеска објави видео од салата која е целосно уништена од пожар.

На видеото се гледаат метални конструкции на местото на ѕидовите на салата, урнат покрив и уништени странични скали, пренесува Известија.