„Вози одморен“: Полицијата делеше флаери и вода на возачите низ Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово  под мотото „Вози одморен“ спроведоа превентивна активност кај наплатната станица Романовце на автопатот Куманово – Скопје.

Loading...

 

 

– Земајќи ги во предвид и временските прилики, односно топлотниот бран со енормно високи температури, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите им укажуваа за влијанието на заморот како една од честите последици за сообраќајните незгоди, како и за потребата од паузи при патување на подолги дестинации, потоа консумирање на повеќе течности со оглед на актуелното топло време и секако почитување на сообраќајните правила и прописи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

 

 

Loading...

Од страна на полициските службеници на возачите им беа делени и шишиња со вода за освежување.

Активноста е во рамките на оперативниот план на МВР „Безбедно лето 2023“.

Никола Ивановски